Најава и навигација на порталот
Порталот за Virtual Data Center услугата е модерен HTML5 интерфејс и работи со сите модерни интернет прелистувачи. Најавата на VDC порталот се врши преку следниот линк:
За најава, корисникот прво треба да го внесе името на организацијата и да кликне на Next, по што се внесуваат корисничкото име и лозинка и да кликне на Sign In.
По најавата се појавува општиот преглед на достапните виртуелни дата центри на корисникот. Во горниот дел од интерфејсот се наоѓа главното мени со табови за ресурсите во услугата, копчето за пребарување, менито за помош и корисничкото мени каде се сместени наши надворешни линкови за полесна навигација до порталите и за одјава на корисникот. Веднаш под тоа се глобалните ресурси за организацијата, низ сите виртуелни дата центри кои се достапни. Во централниот дел од интерфејсот се прикажани индивидуалните виртуелни дата центри и информациите за ресурсите кои се користат од страна на секој виртуелен дата центар. Во долниот дел од интерфејсот се прикажани задачите кои се извршуваат или се извршени. Панелот за задачи може да се минимизира со цел поголем простор за работа во интерфејсот.
Преку главното мени може да се отворат следните опции:
- Data Centers - иницијалниот интерфејс на виртуелните дата центри во кој може да се упраува со локалните апликации и мрежни сервиси
- Applications - глобален пристап до сите виртуелни апликации и машини
- Networks - глобален пристап до сите виртуелни мрежи и уреди за периметарска заштита
- Librares - каталог на предефинирани шаблони за апликации, ISO медиуми и други услуги
- Administration - управување со глобалните параметри на организацијата, како на пример привилегиите за пристап
- Monitor - преглед на задачи и логови кои се извршени над објектите во организацијата
Со кликање на еден од достапните виртуелни дата центри во Data Centers табот, се отвора нов интерфејс за управување со ресурсите во рамките на тој виртуелен дата центар – виртуелни апликации и машини, мрежи и безбедност.
Со кликање на Applications табот од менито се отвора нов интерфејсот каде се достапни сите виртуелни апликации и виртуелни машини, во било кој виртуелен дата центар на организацијата. Целта на овој таб е да понуди глобален пристап до апликациите, независно од виртуелниот дата центар во кој се наоѓаат.
Во десниот дел на овој интерфејс може да се одбере опцијата за табуларен или линеарн приказ на апликациите или машините. Кај линеарниот приказ има дополнителна опција за Export vApps или Export VMs која овозможува екпортирање на информациите за виртуелните машини или апликации во CSV датотека. Овие податоци може да послужат како деталнен увид во ресурсите кои ги користат системите во виртуелниот дата центар.
Со кликање на Networks табот од менито се отвора нов интерфејс каде се достапни сите виртуелни мрежи и уреди за периметарска заштита, во било кој виртуелен дата центар на организацијата. Целта на овој таб е да понуди глобален пристап до мрежните услуги, независно од виртуелниот дата центар во кој се наоѓаат. При одбирање на еден од објектите (мрежа или Edge уред) станува достапна опцијата Open in VDC context со што интерфејсот го пренесува корисникот во виртуелниот дата центар каде е креиран тој објект.