Информации за SoftEther VPN
Што е SoftEther VPN
Преземено од веб страната на SoftEther VPN:
SoftEther VPN Project develops and distributes SoftEther VPN, An Open-Source Free Cross-platform Multi-protocol VPN Program, as an academic project from University of Tsukuba, under the Apache License 2.0.
SoftEther VPN ("SoftEther" means "Software Ethernet") is one of the world's most powerful and easy-to-use multi-protocol VPN software. It runs on Windows, Linux, Mac, FreeBSD and Solaris.
SoftEther VPN is open source. You can use SoftEther for any personal or commercial use for free charge.
SoftEther VPN во neoCloud
Со недостигот на интегрирано решение за SSL VPN во услугата VDC се јавува потреба за решение кое ќе овозможи брзо и едноставно поставување, лесно управување и да биде едноставно за употреба за крајните корисници. SoftEther VPN ги исполнува овие потреби со големиот број на можности, едноставната конфигурација, поддршка за голем број платформи и други предности. Затоа, во услугата VDC е припремен шаблон преку кој со едноставно развивање (deployment) може да се има целосно функционална SSL VPN врска до виртуелниот дата центар.
Инструкциите во оваа документација служат како насоки за инсталација и конфигурација на SoftEther VPN клиенти од страна на крајни корисници или систем администратори кои сакаат да управуваат со SSL VPN решение во својот виртуелен дата центар. Заради големиот број на можности во SoftEther, во документацијата се опфатени најважните аспекти од инсталација и конфигурација на SoftEther VPN клиентите за Windows и Linux, како и основите за управување со SoftEther VPN серверот, сѐ со цел воспоставување на SSL VPN врска со виртуелниот дата центар. Напредна конфигурација е препуштена на самите корисници преку официјалната документација и разни упатства кои може да се најдат на Интернет.
Напомена: neoCloud не дава поддршка и никаква гаранција за проблеми поврзани со SoftEther VPN софтверот, но нашите администратори може да помогнат околу поставување и основно одржување на SoftEther VPN компонентите.
Официјална документација
Официјалната документација со сите инструкции може да се пристапи на следниот линк: SoftEther VPN Manual.