Надградба на Zerto Virtual Manager на верзија 7.0
Во овој документ е опишан процесот за надградба на софтверот Zerto Virtual Manager, кој е составен дел од услугата DRaaS-Z услугата на neoCloud.
Преземање на софтверот за надградба
За надградба на софтверот ZVM на верзија 7.0 Update 3, потребно е да се преземе инсталацискиот фајл од следната локација:
Параметрите за најава се испраќаат во mail пораката за известување за надградба.
Од фолдерот Zerto 7.0 U3 преземете го локално соодветниот инсталациски фајл кој одговара на Вашата инфраструктура т.е. Zerto Virtual Replication VMware XXX.exe за VMware или Zerto Virtual Replication Hyperv XXX.exe за Hyper-V околина. Поддржани оперативни системи од страна на производителот се:
- Windows Server 2008 R2 SP1
- Windows Server 2012 и 2012 R2
- Windows Server 2016
- Windows Server 2019
Надградба на ZVM софтверот
Започнете ја инсталацијата на серверот каде што се наоѓа претходната инсталација на софтверот, со стартување на инсталацискиот фајл како администратор (Run as administrator). За новата верзија на Zerto софтверот потребна е инсталација на .NET Framework верзија 4.7.2, која што е дел од самата инсталација.
Следните два чекори се преглед на процесот на надградба и прифаќање на условите за користење на софтверот (Zerto End User License Agreement)
Во чекорот за сервисен кориснички профил, потребно е да се одбере дали сервисот ќе се стартува со Local System account или со дефиниран сервисен кориснички профил.
Во следниот чекор се одбира опцијата за автоматско надградување на VRA агентите, кои се поставени на секој хост во инфраструктурата на корисникот.
Во последниот чекор се извршува валидација на потребните информации од страна на Zerto. Откако ќе заврши тој процес, со клик на копчето Run започнува надградба на софтверот.
Проверка за статус по надградба
Доколку во петтиот чекор погоре е оставена опцијата за автоматска надградба на VRA агентите, по најавата на локалниот Zerto портал, во табот Setup се забележува процесот на надградба. Откако ќе заврши инсталацијата статусот од Outdated/Upgrading во колоната VRA Version, треба да се промени во Latest, со што чекорот за надградба е завршен и поставена е последната верзија на VRA.
Со овој последен чекор, успешно е направена надградба на софтверот ZVM верзија 7.0 Update 3 и сите негови компоненти. Поради прекините во репликација предизвикани од процесот на надградба, сите конфигурирани VPG групи ќе иницираат Bitmap Sync процес за ресинхорнизација. По завршување на овој процес, целокупниот статус на репликација се враќа во нормален статус.