Единствена најава
neoCloud Single Sign-On овозможува единствена најава на самиот систем и на порталите на услугите на neoCloud. Единствената најава може да се изврши на два начини:
- Најава преку порталот на услугата: при најава на порталот на услугата корисникот е пренасочен на neoCloud Single Sign-On каде ги внесува параметрите за најава и повеќефакторска автентикација и по успешната најава, корисникот се пренасочува кон порталот на услугата.
- Најава преку neoCloud Single Sign-On: по најава на neoCloud Single Sign-On со параметрите за најава и повеќефакторска автентикација, корисникот може да кликне на некоја од доделените услуги и да добие пристап до порталот на услугата, веќе најавен со својот кориснички профил.
Пример за процесот на единствена најава преку neoCloud Single Sign-On системот во интеграција со порталот на услугата VDC е прикажан на следното видео.