Управување со профил
По најава на neoCloud Single Sign-On, системот овозможува управување со корисничкиот профил како менување на основните кориснички податоци, промена на лозинка и конфигурација на повеќефакторска автентикација.
Менување на кориснички податоци
На табот Profile од neoCloud Single Sign-On се прикажуваат основните кориснички податоци, како што се име и презиме, e-mail адреса, телефонски број, компанија и адреса на компанија, итн. Со кликање на копчето Edit во горниот десен агол може да се менуваат некои од корисничките податоци. Корисничкото име, името на компанијата и референтниот број не може да се менуваат.
Менување на лозинка
На табот Change Password од neoCloud Single Sign-On корисникот може да ја промени својата лозинка. За промена, корисникот треба да ја внесе старата лозинка и два пати да внесе нова лозинка која ги исполнува сите услови од прикажаната политика за лозинки на neoCloud.
Поставување на MFA
На табот Enrollment од neoCloud Single Sign-On корисникот може да се управува со методите за повеќефакторска автентикација и да генерира еднократни кодови за верификација.
Email verification е основниот метод за повеќефакторска автентикација кој е минималниот задолжителен метод. Овој метод се поставува при првата најава на neoCloud Single Sign-On и не може да се отстрани.
MFA Recovery опцијата овозможува генерирање на еднократни кодови за верификација. Овие еднократни кодови се користат во случај на изгубен пристап до регистрираниот уред за MFA или e-mail верификацијата, особено доколку е овозможен само еден метод за повеќефакторска автентикација.
Овие кодови треба да се чуваат на безбедно место.
neoCloud администраторите може да генерираат еднократен код за верификација или да ги ресетираат поставките за повеќефакторска автентикација. Ова барање мора да се испрати на support@neocloud.mk и да се потврди телефонски.
Во делот Set Up Backup Verification Methods може да се постави нов метод за повеќефакторска автентикација. neoCloud Single Sign-On ги поддржува најзастапените Google Authenticator (или компатибилни апликации како на пример 2FAS и Authy) и Microsoft Authenticator.
Корисникот е доволно да се пријави за еден од двата поддржани автентикатори, но може да се пријави и за двата поддржани. Пријавувањето се врши со кликање на Set up линкот кај одбраниот автентикатор. Со тоа се отвора нов прозорец со инструкции за поставување.
За комплетирање на процесот, по скенирање на QR кодот кој е прикажан на neoCloud Single Sign-On, треба да се внесе кодот кој се прикажува во автентикатор апликацијата.
Со тоа се завршува процесот на додавање на дополнителен метод за повеќефакторска автентикација и истиот се појавува во Enrolled Verification Methods.
Со кликање на Manage копчето во горниот десен агол, корисникот може да одбере кои методи на повеќефакторска автентикација ќе се користат за различни намени или да исклучи некој метод за повеќефакторска автентикација. Оваа контрола се однесува при најава на самиот neoCloud Single Sign-On или на порталите од услугите кои се интегрирани со neoCloud Single Sign-On.
Користењето на автентикатор се смета за побезбедна опција, па затоа препорачуваме исклучување на Email Verification како метод за повеќефакторска автентикација. На тој начин единствен метод кој ќе се покажува ќе биде со автентикатор апликација и чекорот за избор на метод ќе биде прескокнат.