Прва најава
neoCloud Single Sign-On системот за единствена најава ги има следните функционалности:
- Промена на податоци: менување на основните кориснички информации како e-mail адреса, телефонски број, адреса и слично
- Промена на лозинка: промена на лозинката за корисничкиот профил со внесување на претходната лозинка
- Поставување на MFA: поставување на повеќефакторска автентикација при најава
- Пристап до апликации: можност за директна најава во порталот на услугата на корисникот
- Ресетирање на кориснички профил: промена на лозинка при заборавена лозинка
- Отклучување на кориснички профил: отклучување на корисничкиот профил при заклучување заради повеќе неуспешни обиди
Покрај овие функционалности, директната најава на порталите од услугите на neoCloud се врши преку neoCloud Single Sign-On, така што при најава на порталот на услугата корисникот е пренасочен до neoCloud Single Sign-On каде ги внесува параметрите за најава и повеќефакторска автентикација. По успешната најава, корисникот повторно се враќа на порталот на услугата.
При која било промена на neoCloud Single Sign-On системот, корисникот добива e-mail порака од neoCloud Single Sign-On <noreply@neocloud.mk>. Ова известување е потврда за извршената промена, но и дополнителна безбедносна мерка каде при промени кои не се иницирани од страна на корисникот итно да се контактира neoCloud Support.
Најавата на neoCloud Single Sign-On порталот се врши преку neoCloud Support Center или директно на следниот линк:
На neoCloud Single Sign-On корисниците се најавуваат со постоечките корисничко име и лозинка или кај нови корисници со привремената лозинка при провизионирање на корисничкиот профил.
При првата најава на neoCloud Single Sign-On корисниците мораат ја да потврдат својата e-mail адреса која е внесена во neoCloud при провизионирање на корисничкиот профил. Со кликање на Continue се испраќа e-mail порака од neoCloud Single Sign-On <noreply@neocloud.mk> со верификациски код.
Верификацискиот код внесете го во neoCloud Single Sign-On системот за да ја завршите верификацијата. Со тоа се комплетира постапката за пријавување на e-mail како иницијален метод за повеќефакторска автентикација.
Во табот Enrollment од neoCloud Single Sign-On системот може да активирате дополнителни методи за повеќефакторска автентикација. Повеќе детали околу активацијата на дополнителните методи може да најдете на Поставување на MFA.
Иако корисниците можат да користат e-mail за повеќефакторска автентикација, наша препорака е користење на Authenticator апликација