Најавна страна
Најавата на neoCloud Single Sign-On порталот се врши преку neoCloud Support Center или директно на следниот линк:
Најавната страна на системот neoCloud Single Sign-On има три опции:
- Log In: основната најава на neoCloud Single Sign-On системот за управување со корисничкиот профил, поставување на MFA и пристап до услуги
- Forgot your password: опција за ресетирање на лозинка на корисничкиот профил при заборавена лозинка
- Account locked out: опција за отклучување на кориснички профил заради повеќе неуспешни обиди при најава
Најава на neoCloud Single Sign-On
За најава на neoCloud Single Sign-On системот потребно е да се внесат корисничко име и лозинка. По првото ниво на најава, корисникот треба да го потврди својот идентитет со повеќефакторска автентикација. Ако корисникот има повеќе поставено повеќе методи за автентикација, корисникот треба да одбере со кој метод ќе ја изврши втората автентикација. Доколку корисникот има пријавено еден метод или останатите методи се оневозможени (повеќе информации во Поставување на MFA), корисникот ќе се пренасочи директно на втората автентикација.
По внесување на кодот добиен на e-mail адреса или кодот од Authenticator апликацијата, корисникот добива пристап до neoCloud Single Sign-On системот каде може да управува со корисничкиот профил, да менува лозинка, да конфигурира MFA или да пристапи до услугите со единствена најава.
Заборавена лозинка
На најавната страна на neoCloud Single Sign-On корисникот може да побара промена на лозинката на корисничкиот профил при заборавена лозинка. За да го започне процесот со одбирање на опција Forgot Your Password? каде корисникот треба да го внесе корисничкото име и Captcha кодот на екранот.
По првото ниво на најава, корисникот треба да го потврди својот идентитет со повеќефакторска автентикација со истиот процес како при најава на neoCloud Single Sign-On. Откако ќе го потврди идентитетот, корисникот мора да внесе нова лозинка согласно полисата за лозинки во neoCloud Single Sign-On.
Со внесување на лозинка која ги исполнува сите услови и кликање на Reset Password, корисникот добива потврда дека ресетирањето на лозинката е успешно.
Отклучување на кориснички профил
Во случај корисничкиот профил да е заклучен заради повеќе неуспешни обиди, не зависно дали потекнуваат од neoCloud Single Sign-On или од некој друг портал на neoCloud услугите и системите, корисникот има можност самостојно да го отклучи својот профил пред автоматското отклучување од 15 минути.
На најавната страна на neoCloud Single Sign-On корисникот со одбирање на опцијата Account Locked Out? корисникот може да иницира отклучување со внесување на корисничкото име и Captcha кодот на екранот.
По првото ниво на најава, корисникот треба да го потврди својот идентитет со повеќефакторска автентикација со истиот процес како при најава на neoCloud Single Sign-On. Откако ќе го потврди идентитетот, корисникот го завршува процесот на отклучување со кликање на Unlock Account.
На крај, корисникот добива потврда дека профилот е отклучен и може да продолжи кон најава на Single Sign-On системот или на порталот на услугата.