Skip to main content

Инсталација и користење на SoftEther VPN клиент на Linux оперативни системи

Преземање и инсталација на SoftEther VPN клиент

Пред преземање на софтверот, потребно е да се одбере соодвениот директориум. Препораката е софтверот да биде инсталиран во home директориумот или во /usr/local/.

Преземање на последната верзија се врши со командата:

wget https://github.com/SoftEtherVPN/SoftEtherVPN_Stable/releases/download/v4.38-9760-rtm/softether-vpnclient-v4.38-9760-rtm-2021.08.17-linux-x64-64bit.tar.gz

Отпакувањето на компресираниот фајл се врши со командата:

sudo tar zxf softether-vpnclient-v4.38-9760-rtm-2021.08.17-linux-x64-64bit.tar.gz

Променете ја патеката во директориумот со отпакуваниот софтвер со командата:

cd vpnclient

Извршете следната ја командата за build на изворниот код:

sudo make

Прифатете ги условите за употреба на софтверот со одбирање на опцијата 1. Yes или 1. Agree во прашањата.

SoftEther VPN Client - Unpack and Make

SoftEther VPN Client - Make Successful

Заради зголемена безбедност на конфигурацијата на VPN клинетот, препорачуваме менување на привилегиите со следните команди:

chmod -R 600 *
chmod 700 vpncmd
chmod 700 vpnclient
cd ..
sudo chown -R root.root vpnclient/

Доколку се корисникот е најавен и употребува друг кориснички профил и група, root.root од последната линија може да се промени.

Стартувајте го VPN клиентот со следната команда:

sudo ./vpnclient start

SoftEther VPN Client - Start VPN client

Конфигурација на SoftEther VPN клиент

Конфигурацијата на SoftEther VPN клиентот се врши со вградената команда vpncmd.

Извршете ја следната командата за конфигурација на VPN клиентот:

sudo ./vpncmd

Одберете ја опцијата 2. Management of VPN Client, оставете го полето празно за поврзување на локалниот VPN клиент и притиснете на Enter.

SoftEther VPN Client - Connect to VPN client

Конфигурација на клиентот се врши со следните команди:

  • Креирање на виртуелен адаптер: NicCreate <adapter name>, пример vpn-se
  • Креирање на нова VPN врска: AccountCreate <connection name>, пример neoCloud
  • Внесување на параметри за VPN серверот во полето Destination VPN Server Host Name and Port Number, пример 95.180.141.29:443
  • Внесување на име на Virtual Hub на VPN серверот во полето Destination Virtual Hub Name, каде во шаблонот предефинираниот Virtual Hub е со име VPN
  • Внесување на корисничко име во полето Connection User Name, пример user1
  • Внесување на виртуелен адаптер кој ќе се користи за VPN врската во полето Used Virtual Network Adapter Name, пример vpn-se
  • Креирање на лозинка за VPN врската: AccountPassword
  • Одбирање на VPN врска за која се внесува лозинка, пример neoCloud
  • Потоа треба да се внесе лозинка и истата да се потврди.
  • Одбирање на тип на автектикација во полето Specify standard or radius, каде треба да се внесе standard

SoftEther VPN Client - Configure VPN client

Алтернативно, истиот процес може да се направи со помал број на команди доколку се припремат сите параметри однапред:

NicCreate <adapter name>
AccountCreate <connection name> /SERVER:<hostname>:<port> /HUB:<hubname> /USERNAME:<username> /NICNAME:<nicname>
AccountPasswordSet <connection name> /PASSWORD:<password> /TYPE:standard

Проверка на созадена врска со командата:

AccountList

Поврзување на VPN врската со командата:

AccountConnect <connection name>

Автоматско стартување на конекција со командата:

AccountStartupSet <connection name>

Со командата exit се излегува од конфигурација на VPN клиентот.

SoftEther VPN Client - Connect VPN Session

Пред да може да се воспостави мрежна комуникација, потребно е да се провери дали е овозможено ip forward во оперативниот систем со извршување на командата:

cat /proc/sys/net/ipv4/ip_forward

Доколку резултатот е 1, тогаш може да се прескокне следниот чекор. Доколку резултатот е 0, потребно е да се овозможи ip forward со менување во фајлот /etc/sysctl.conf.

sudo vi /etc/sysctl.conf

Во овој фајл потребно е да се напише текстот или тргне коментарот од следната линија:

net.ipv4.ip_forward=1

Потоа треба да се сними фајлот со командата :wq и да се провери дали параметарот е успешно поставен со командата sysctl -p.

SoftEther VPN Client - IP Forward

Со следната команда се активира DHCP клиентот за да се добие IP адреса на виртуелниот мрежен адаптер:

sudo dhclient <adapter name>

Проверка за добиена IP адреса и доделување на рути (доколку е поставено на VPN серверот) може да се направи со командите ip a и ip route.

SoftEther VPN Client - IP Address and Route

Поврзување со SoftEther VPN клиент

По секое стартување на компјутерот/серверот каде е инсталиран VPN клиентот, потребно е да се извршат следните команди за воспоставување на VPN врската:

sudo ./vpnclient start
sudo ./vpncmd
AccountConnect <connection name>
exit
sudo dhclient <adapter name>

Во овие команди е изземен делот на поврзување на локалниот VPN клиент по извршување на vpncmd, што е опишано претходно.

Доколку е веќе поставена конекцијата автоматски да се стартува со командата AccountStartupSet, тогаш потребно е да се извршуваат само две команди:

sudo ./vpnclient start
sudo dhclient <adapter name>

Прекинување на VPN врска

VPN врската може да се прекине на два начини:

  • Со стопирање на VPN клиентот со извршување на командата sudo ./vpnclient stop
  • Со поврзување на локалниот VPN клиент преку командата sudo ./vpncmd и извршување на AccountDisconnect <connection name>.

Надградба на SoftEther VPN клиент

Процесот на надградба е ист како и процесот на инсталација на VPN клиентот. Корисникот треба да одбере дали новата верзија ќе се инсталира на нова патека или на истата. Во која било варијанта на надградба, потребно е да се зачува датотеката vpn-client.conf и потоа да се префрли на патеката од новата верзија на клиентот.