Поставување на нова лозинка

Шаблоните од сервисниот каталог на neoCloud се поставени за промена на лозинката при првата најава во оперативниот систем. Во оперативниот систем е поставен само root корисникот со предефинирана лозинка P@ssw0rd.

По внесување на оваа лозинка, веднаш треба да се постави нова лозина по избор на корисникот.

Проширување на дисков простор

Во овој документ е даден пример за проширување на дисков простор за CentOS 7 оперативен систем, но процесот е ист и за останатите RHEL базирани дистрибуции (CentOS 8, AlmaLinux 8, Rocky Linux 8).

Шаблонот од сервисниот каталог на neoCloud со CentOS 7 оперативен систем е конфигуриран со основен диск од 10GB. При развивањето на виртуелната машина може да се зголеми дисковиот простор на основниот диск согласно барањата на корисникот. Овој дисков простор треба да се додели во оперативниот систем.

Во самиот шаблон се преинсталирани сите потребни пакети кои се користат во процесот даден во овој документ:
system-storage-manager
cloud-utils-growpart

Пред започнување на процесот, правиме преглед на состојбата на дискот со извршување на командата:

ssm list

Во овој документ е даден пример за зголемување на / (root) mount point со следните параметри:

Device: /dev/sda2
Pool: centos_centos7 во LVM формат
Volume: /dev/centos_centos7/root со XFS фајл систем

Забелешка: Кај останатите RHEL базирани дистрибуции се разликуваат имињата на Pool и на Volume па командите треба да се прилагодат соодветно

Првата команда која треба да се изврши е за зголемување на партицијата:

growpart /dev/sda 2

Следно треба да се зголеми Physical Volume со извршување на следната команда: 

pvresize /dev/sda2

Потоа треба да се зголеми Logical Volume со извршување на следната команда:

lvresize -l +100%FREE /dev/centos_centos7/root

На крај, треба да се прошири фајл системот со извршување на командата:

xfs_growfs /dev/centos_centos7/root

По завршување на процесот, може да се направи проверка за состојбата на дискот со ssm командата

Проверка на фајл системот може да се направи со извршување на командата:

df -h



Ажурирање на оперативен систем

Пред користење на виртуелната машина и инсталација на нови пакети, препорака е да се ажурира оперативниот систем со извршување на следните команди:

dnf clean all
dnf update all

По ажурирање на оперативниот систем, треба да се рестартира виртуелната машина за да се применат новите пакети, особено новата верзија на kernel:

reboot